По одличното Светско првенство, Домагој Вида се сели во Премиер лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стоперот на репрезентацијата на Хрватска, и член на турски Бешикташ, Домагој Вида се наоѓа пред трансфер во Премиер Лигата.

Вида беше еден од најдобрите репрезентативци на Хрватска на неодамна завршениот Мундијал, па сосема очекувано на адреса на Бешикташ почнаа да пристигнуваат понуди.

Најпрво за него беше заинтересиран Ливерпул, но Бешикташ ја одби нивната понуда во висина од 20 милиони евра.

Сепак, на адреса на турскиот гигант сега пристигна понуда во висина од 22 милиони евра од друг Премиерлигаш. Станува збор за тимот на Вест Хем кој го посакува Вида во своите редови и е подготвен да плати 22 милиони евра, сума која турскиот клуб би ја прифатил.