Илија Несторовски многу блиску до трансфер во клуб од Серија А


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски речиси сигурно ќе си замине од редовите на Палермо ова лето.

Во минатото се шпекулираше дека за него постои интерес од Торино, Евертон и Болоња, а сега „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Аталанта е најзагреана за неговите услуги.

Во тимот од Бергамо пред два дена пристигна Дуван Запата, но Гасперини го посакува и нашиот интернационалец откако Петања си замина од тимот и потпиша за СПАЛ.

Дали ќе се случи трансфер на Несторовски во Бергамо или можеби ќе се пресели во Болоња, останува да видиме во следниве недели.