Мурињо потврди дека новото засилување ќе биде во аут до септември


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека новото засилување на клубот, Диого Далот ќе биде надвор од терените до септември поради повреда на коленото.

19 годишниот фудбалер се приклучи на „Ѓаволите“ минатиот месец за сума од 19 милиони фунти. Далот го повреди неговото колено минатата сезона додека настапуваше во дресот на Порто.

Тој замина на подготовки во САД и покрај тоа што не е подготвен, но Мурињо инсистирал на тоа со цел да се зближи повеќе со тимот.

„Далот е повреден. Ние го знаевме тоа но не сакавме да го изгубиме поради нешто такво. Тој заздравува добро. Мислиме дека ќе почне со тренинзи штом се вратиме во Англија. Нема да биде подготвен за стартот на сезоната, но сметаме дека ќе е подготвен во септември“ –коментираше Мурињо.