Клоп: Ова е прва година во која не продаваме важни фудбалери!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека неговата екипа ќе биде меѓу конкурентите за шампионската титула по засилувањата кои стигнаа летово.

На „Енфилд“ стигнаа Кеита, Фабињо и Шаќири, а денеска треба да биде реализиран трансферот и на Алисон од Рома. Претходно договорите ги продолжија Салах и Фирмињо.

„Не сум сигурен, но ова е можеби првата година во која не продаваме важни играчи. Секогаш имаше многу промени. Ако не купувате играчи, мора самите да го градите тимот. Тоа значи дека екипата мора да остане на едно место. Играчите знаат дека ни е потребен квалитет и ако освоиме нешто, тоа ќе го направиме со 25 фудбалери“, вели Клоп.

Првиот ривал на „црвените“ во новата сезона ќе биде Вест хем на 12. август.