Виландер: Федерер и Надал сега се предизвикувачи на Ѓоковиќ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот најдобар тенисер Матс Виландер смета дека собирањето на стариот тим му помогнало на Новак Ѓоковиќ да освои титула на Вимблдон.

Српскиот тенисер на Вимблдон стигна до првата грен-слем титула по две години, а таа вкупно му беше 13. во кариерата.

„Не можев да замислам дека Ѓоковиќ ќе го освои Вимблдон ако не беа сите познати лица кај него во екипата. Враќањето на Маријан Вајда беше многу важно. Исто така и доаѓањето на неговата сопруга Јелена. Сега Новак е слободен да се бори на теренот“, вели Виландер.

Оваа сезона трите најголеми турнири ги освоија тројцата најдобри тенисери – Роџер Федерер победи на Австралијан Опен, а Рафаел Надал на Ролан Гарос.

„Потерата почна кога Федерер не победуваше многу, и кога Надал беше доминантен на Ролан Гарос, а Ѓоковиќ освојуваше трофеи на другите турнири. Тие тројца се повторно најдобри. Федерер и Надал сега го предизвикуваат Ѓоковиќ“, објаснува Швеѓанецот.