Роналдо оставил неверојатен бакшиш на работниците во хотелот во Грција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер беше официјално претставен во понеделникот како ново засилување на Јувентус.

Тој изненади многумина со одлуката да го напушти Реал Мадрид со кој освои се што можеше да се освои.

Португалецот го прекина одморот за да отпатува на лекарски прегледи во Торино, а потоа го потпиша договорот.

Претохдно со својата фамилија беше на одмор во Грција. Тие престојувале во луксузниот хотел Коста Наварино, а вработените дефинитивно ќе го паметат неговото доаѓање, бидејќи им остави неверојатен бакшиш.

Според пишувањето на англиските медиуми, Роналдо пред заминувањето во Торино одлучил да ги почасти вработените и оставил бакшиш од 17.850 фунти. Тој само побарал од менаџерот да ги подели на сите вработените, а потоа отпатувал за Торино.