Хрватите имаат големо срце: Репрезентативците со одличен гест кон Калиниќ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Хрватска одлучија Никола Калиниќ да добие медал, и покрај тоа што го напушти кампот на репрезентацијата, откако одби да влезе во игра против Русија.

Златко Далиќ не сакаше да ја наруши атмосферата во екипата и го испрати дома, а играчите и стручниот штаб на Хрватска ја донесоа најчесната одлука.

„Одлуката на селекторот да го испрати дома беше добра. А, што се однесува до медал, јас знам дека Калиниќ со одлука на играчите и стручниот штаб ќе го добие својот медал“, вели портпаролот на Хрватскиот фудбалски сојуз.