Пјаниќ станува дел од огромен трансфер: Дали англискиот великан ќе успее во ова?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако долго време се поврзуваше со Барселона, па подоцна со ПСЖ и Сити, Пјаниќ сега се поврзува со Челси.

Како што пренесува Фудбал Италија, Челси сака да доведе тројца фудбалери на Јувентус и тоа Ругани, Игуаин и Пјаниќ.

Масло на огнот додаде Фали Рамадани кој наводно е нов агент на Пјаниќ и кој синоќа вечерал со Пјаниќ.

Да потсетиме, се работи за агент кој му помогна на Челси да го доведе Маурицио Сари ова лето на Стемфорд Бриџ, а моментално тој им помага на Плавите околу трансферот со Даниеле Ругани.

Доколку Челси успее да ги доведе тројцат играчи од Јувентус како што се пишува, тоа ќе биде еден од најголемите бизниси помеѓу италијанскиот и англискиот тим.