Ѕвезда на Ливерпул ја пропушта цела сезона поради повреда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул се надева дека сезонава ќе се бори за титулата во Премиерлигата. Јирген Клоп ги ангажираше Наби Кеита од Лајпциг, Фабињо од Монако и Шаќири, а деновиве би требало да пристигне Алисон Бекер.

Но, во новата сезона тие ќе влезат без Алекс Окслејд-Чембрлејн, кој се повреди во полуфиналето на Лигата на шампиони против Рома.

На фудбалерот му беше соопштено дека ќе може да се врати во декември, но неодамна докторите му кажале дека ќе мора да ја пропушти цела сезона.

Играчот досега молчеше за тоа, зашто не сакаше да ја уништи атмосферата во екипата, која се бореше за титулата во Лигата на шампиони.

„Сега може слободно да им кажеме на навивачите, Алекс сезонава ќе ја искористи за да оздрави целосно и да се врати во тимот. Се надевам дека наскоро ќе биде повторно со нас“, вели Клоп.