Возбудлив ден во Ливерпул: Денеска доаѓа голема ѕвезда, но има и разочарување за навивачите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп направи неколку трансфери летово и очигледно нема намера да сопре.

Ливерпул досега го засилија Наби Кеита од Лајпциг, Фабињо од Монако и Џердан Шаќири од Стоук, а денеска се очекува потпис и на Алисон, кој би требало да биде платен околу 75 милиони евра.

Англиските медиуми пишуваат дека трансферот на Алисон ќе биде и последен летово за Ливерпул. Клубот заработи многу пари по големите успеси минатата сезона во Лигата на шампиони.

Од друга страна, неколку медиуми пишуваат дека Клоп ќе мора да се откаже од Набил Фекир, кој претходно беше блиску до потпис со „црвените“.