Мурињо понуди 180 милиони за тандем, дали е ова знак дека Погба заминува


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми утрово пренесоа шокантна вест. Имено според информциите на „Индепендент“, Јунајтед ќе му понуди на Баерн околу 180 милиони евра за Левандовски и Алкантара.

Далу Мурињо верува дека Полјакот и Лукаку можат да играат заедно и дали доаѓањето на Тијаго значи дека Погба ќе замине, останува да видиме, тек сега Баерн ќе биде во дилема.

Имено, Левандовски сака да го напушти клубот, а што се однесува до Тијаго, него сакаа да го продадат и претходно.

Баерн го посакува и Марсијал, како замена за ветераните Робен и Рибери. Доколку замине Левандовски, замена би била Тимо Вернер од РБ Лајпциг за кого се спремни да понудат 100 милиони.

Што ќе се случи со Погба доколку дојде Алкантара? Тој сака во Барселона, но мали се шансите, се споменува Реал и Јувентус.

Останува да видиме што ќе се случува летово.