Шпански „Спорт“ тврди: Реал останува со празни раце, Барса нуди пари и фудбалер за Азар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден Азар имаше одлично Светско првенство, а неодамна во трка за неговиот потпис се вклучи Реал Мадрид.

Сепак, во таа борба Реал ќе има голема конкуренција од Барселона, која ќе проба да го победи својот најголем ривал.

Шпански „Спорт“ пишува дека Барселона е подготвена да го понуди Осман Дембеле и пари на Челси за да го пуштат Азар да преговара со нив.

Во меѓувреме, англиските медиуми пишуваат дека новиот тренер на Челси, Маурицио Сари деновиве ќе разговара со Азар и ќе се обиде да го убеди да остане.

Сепак, Азар по Мундијалот кажа дека би сакал да замине од Лондон и дека неговата желба е позната, а тоа е Реал Мадрид.