Ракитиќ откри како си ја нашол прекрасната сопруга: Ја повикав 20-30 пати на кафе… (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ даде интересно инвервју за еден странски медиум во кој објасни дека се измачил додека не се „фатил“ со сегашната сопруга Ракуел Маури.

Ракитиќ и Ракуел се запознале во 2011. година кога Хрватот имал 23 години. Тогаш тој потпишал договор со Севилја, па кога ги поминал лекарските прегледи заминал во еден бар.

„Жената која работеше во хотелскиот бар беше.. неверојатна. Таа беше преубава. Ништо друго не знаев да кажам освен `здраво`, зашто само тоа го знаев на шпански. Знаев германски, англиски, италијански, француски и хрватски, но не и шпански“, вели Ракитиќ.

Хрватот објаснува дека барал куќа во Севилја и намерно одел секое утро во тој бар.

„Барав куќа во Севилја и секое утро одев во тој хотел на кафе или сок. Секако, главна причина беше токму преубавата девојка. Знаев самод ека се вика Ракуел. Таа не знаеше англиски, а јас шпански, тоа беше проблем“, раскажува Ракитиќ.

Иако ја повикал 20-30 пати на кафе, таа не сакала да излезе со него.

„Еден ден Ракуел ми објасни зошто не сака да излезе со мене. Ми кажа дека сум фудбалер и дека наредната година можеби ќе заминам во друга држава. Си помислив, сигурно ме видела дека не играм добро и сигурно ќе ме продадат брзо, па поради тоа решив да тренирам и ми требаа седум месеци за да излезам со неа“, открива Хрватот.

✌??

A post shared by Raquel Mauri (@raquel_mauri) on