Крај за Вардар, Пјуник со два гола во последните минути го реши нашиот претставник (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Вардар се наоѓа пред елиминација од квалификациите во Лига Европа откако тимот на Пјуник дојде до водство во 86. минута.

Стрелец на погодокот беше Балде кој со одмерен удар го матираше Гачевски. И токму кога Вардарци тргнаа во офанзива по некакво чудо, гостите од Ерменија преку брз контранапад погодија и по втор пат исто така преку Балде.

По ваквиот развој на настаните завладеа голем револт на трибините, а дел од публиката скандираше и за заминување од стадионот.

По феноменалната сезона во Европа минатата година, вардарци оваа година се елиминирани во првото коло.