Муралот на Леброн не „преживеа“: Хулигани го уништија ликот на „Кралот“ (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата, Леброн Џејмс, летово го напушти Кливленд кавалирс и се пресели во Лос Анџелес Лејкерс, но не се сите среќни поради неговото пристигнување во градот.

Голем број навивачите на Лејкерс со воодушевување го поздравија доаѓањето на Леброн, а локалните уметници направи неколку мурали со ликот на Леброн.

Меѓутоа, некои од тие мурали не „преживеаа“ бидејќи беа уништени преку ноќ.  Густаво Зермено направи прекрасен мурал со ликот на Џејмс, но истиот издржа само пет дена, па сега ќе мора повторно да се поправи.

„Изненаден сум. Ова е најпозитивниот потег на Лејкерс во последните пет или шест години. Навистина е изненадување луѓето да се вознемирени поради Леброн. Не разбирам“, вели Зермено.