Роналдо замина од Мадрид, но Реал има нов лидер во продажба на дресови


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид остана без својата најголема ѕвезда, откако Кристијано Роналдо реши да го напушти клубот и да се пресели во Јувентус.

Роналдо во Реал Мадрид помина девет години и со клубот освои многу трофеи. Многумина беа изненадени со неговата одлука летово да ги напушти „кралевите“.

Португалецот на Реал му донесе многу успеси на теренот, но и надвор од него, посебно кога станува збор за маркетинг. Дресот на Роналдо беше најпопуларен меѓу навивачите, односно тој беше убедливо прв на листата за продажбата на дресови.

Шпанските медиуми пишуваат дека сега Реал има нов лидер, а тоа е Лука Модриќ, кој беше еден од најдобрите фудбалери на Мундијалот во Русија.