Легендата на Мајами заминува во Кина и добива „страшна“ плата (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Мајами хит, Двејн Вејд, е во дилема дали да ја продолжи професионалната кариера, а доколку се одлучи на таков потг, кинеската екипа Хинџијанг е подготвена да му даде неверојатен договор.

Вејн во моментов ја промовира својата нова линија на кошаркарски патики за кинескиот произведувач на спортска опрема „Ли-Нинг“.

„Кога ќе се вратам од Кина ќе се сконцентрирам на можна преселба во друга екипа. Засега во својата кариера направив што беше потребно и сега сум во позиција да направам нешто што уште немам. Морам да седнам и убаво да размислам“, вели Вејд.

Вејд минатата сезона играше во Кливленд за 2,3 милиони долари, а доколку се пресели во Кина ќе добие годишна плата поголема од десет милиони долари.