Откриено колку голема плата добива Буфон во ПСЖ!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако инсистира дека не станува збор за парите, сепак ќе добива повеќе отколку што заработуваше во Јувентус.

Во последните неколку години во Јувентус, Џанлуиџи Буфон заработуваше по 4,5 милиони евра годишно, а претходно имаше и плата од шест милиони, но никогаш немал плата поголема од таа.

Сега во ПСЖ, наводно, Буфон ќе добива пет милиони евра, а ќе има и големи бонуси.

Тие лесно достижни бонуси, како број на настапи, се блиску до половина милион евра, а домашниот трофеј ќе ги надмине шесте милиони.