Големо засилување за Хјустон Рокетс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на следните денови се очекува Хјустон Рокетс да го комплетира доаѓањето на НБА ѕвездата, Кармело Ентони.

34 годишниот кошаркар беше трејдуван во Атланта Хоукс како дел од трансферот на Денис Шродер во редовите на Оклахома Тандерс, а од тимот од градот на Кока Колата веднаш беше ставено до знаење дека Ентони не им е потребен во тимот.

Сепак, Хјустон запна за 34 годишниот кошаркар кој во минатото со успех ги носеше дресовите на Оклахома Тандерс, Детроит Пистонс и Денвер Нагетс.

Со доаѓањето на Ентони, Хјустон сега ќе има неверојатна Ол Стар тројка во своите редови. Покрај него за Ракетите ќе играат и стандардните Крис Пол и Џејмс Харден.