Лудница во Серија А: Бонучи се враќа во Јувентус, Игуаин заминува во Милан!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пишува дека постои голема можност да се врати Леонардо Бонучи во Јувентус, а во спротивна насока да замине Гонзало Игуаин.

Искусниот дефанзивец на Милан, наводно, се согласил да биде дел од размената помеѓу Јувентус и Милан, која подразбира дека на „Сан Сиро“ ќе пристигне Гонзало Игуаин.

Бонучи, наводно, ги решил несогласувањата со тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, кој минатото лето го „исфрли“ од екипата поради караница на полувремето на натпреварот во финалето од Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Меѓутоа, Алегри знае дека триото Кјелини – Барзаљи – Бонучи е едно од најдобрите дефанзивни редови и ќе се обиде повторно да го направи.

„Бонучи е одличен човек и фудбалер, тој е важен дел од екипата, но некогаш мора да ги послуша и неговите соиграчи. Леонардо сака само да победува“, кажа Џенаро Гатузо за него.

Инаку, Бонучи минатото лето пристигна во Милан за 42 милиони евра.