Вистински циркус во Рим: Рома го чекаше новото засилување, но нема да дојде поради – Барселона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако беше сигурно дека Бразилецот Малком во понеделникот ќе пристигне во Рим и денеска ќе стане нов играч на Рома, сепак за таков трансфер ќе мора да почекаме.

А, можеби нема ниту да се случи поради тоа што Бразилецот се „откажал“ од идејата да се пресели во италијанскиот гигант.

Вчера двете екипи потврдија дека Малком заминува во Рома, но во последни секунди Малком не се качи во авионот, со кој требаше да пристигне во Рим.

Бордо се договори со Рома за сума од 36 милиони евра, но проблем направи Барселона, која понуди 40 милиони евра, а тоа беше доволно за Французите да го стопираат трансферот.

Останува уште долго од преодниот рок, па ќе видиме дали во наредниот период ќе се реализира трансферот на Малком во Рома или ќе се пресели во некој друг европски гигант.