Ибрахимовиќ со уште една легендарна изјава во свој стил за Јунајтед!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер јунајтед се наоѓаат во Америка, каде што се подготвуваат за новата сезона.

„Црвените ѓаволи“ во моментов се во Лос Анџелес, каде што утринава имаа нов тренинг. На истиот се појави и поранешниот играч на екипата, Златан Ибрахимовиќ, кој реши да го посети Жозе Мурињо и нгеовите поранешни соиграчи.

Ибрахимовиќ пред неколку месеци го напушти Јунајтед и ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Галакси, а иако се шпекулираше дека не е во добри односи со Мурињо, сепак тоа го демантираше шведскиот напаѓач.

„Погодете кој се врати. На тренингот на Јунајтед видов многу квалитет, но никој не е квалитетен како мене. Мило ми е што ги видов повторно моите поранешни соиграчи и уживав на нивниот тренинг“, кажа Ибрахимовиќ.