Лина Ѓорческа со победа го почна турнирот во Унгарија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на одличен натпревар го почна турнирот во Баја, Унгарија, кој има награден фонд од 25.000 долари.

Нашата најдобра тенисерка во првото коло на турнирот во Унгарија ја победи домашната тенисрека Луца Јаноси со 2-0 во сетови, за само 55 минути.

Ѓорческа беше подобра од Јаноси со 6-1 во првиот сет, односно 6-2 во вториот и така си обезбеди пласман во следното коло, каде што ја очекува подобрата од дуелот помеѓу Наталија Костиќ и Нефиса Берберовиќ.