Федерер го откажа учеството на турнирот во Торонто!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вториот тенисер во светот, Роџер Федерер, соопшти дека нема да учествува на Роџерс купот, кој ќе се игра летово во Торонто.

„Многу сум разочаран затоа што нема летово да учествува на Роџерс купот. Ми беше фантастично минатата година во Монтреал и секогаш уживам кога играм пред публиката од Канада. Но, за жал морам да го откажам моето учество во Торонто“, вели Федерер.

Швајцарецот двапати победи на Роџерс купот и тоа двапати се играше во Торонто, односно во 2004. и 2006. година.

Инаку, Федерер сезонава ги пропушти сите турнири на земја, а последниот натпревар го одигра во четвртфиналето на Вимблдон, каде што беше поразен од Кевин Андерсон во пет сетови, иако водеше со 2-0 во сетови.

Мастерсот во Канада, на кој нема да настапи Швајцарецот, се игра од шести до 12. август.