Преговорите не поминаа најдобро: Мајами ќе мора да почека за трка во Формула 1!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако желбата на Формула 1 беше од наредната сезона болидите да се натпреваруваат на улиците на Мајами, сепак тоа би можело да се случи дури во 2020. година, зашто преговорите не поминаа најдобро.

Беше планирано трката во Мајами да се вози во октомври, а тоа би била најверојатно 20. трка во сезоната, зашто во моментов 19 трки имаат договор со Формула 1.

„Преговорите беа комплицирани, но има напредок во разговорите. Одлуката ќе мора да се одложи и тоа го решивме заедно со градските власти“, кажа еден од шефовите на Формула 1, Шон Брачес.

„Најбрзиот циркус во светот“ сака уште една трка во Америка, покрај таа што се вози во Остин во Тексас. Сепак, за Мајами најмногу проблеми има за тоа каде би можела да биде поставена патеката.

„Сакаме да имаме најдобра можна трка. Ако поради тоа треба да почекаме до 2020. година, тогаш е тоа подобро, отколку да добиеме патека, на која нема да имаме добро уживање“, вели Шон.

Инаку, Формула 1 не потврди уште ниту една трка за 2019. година, па во следниот период се очекува распоред за целата сезона.