„Тутоспорт“: Битката помеѓу Роналдо и Меси се сели во Италија – Аргентинецот заминува во Серија А!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако пристигнувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус ги шокираше некои навивачи, тогаш што би помислиле за потенцијално доаѓање на Лионел Меси во Серија А.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Интер е најсериозен кандидат за потписот на Меси, а со таквиот потег би станале конкуренти за освојување на Скудетото.

Медиумот пишува дека Интер има план како да го ангажира Аргентинецот, но дека реализацијата може да се очекува дури наредното лето. Дотогаш, Интер со помош на голем број спонзори ќе собира пари, но и ќе се обиде да го убеди Меси конечно да се пресели во Милано.

Доколку навистина Аргентинецот премина во Интер, ќе биде почната нова борба помеѓу ривалите, но овојпат таа ќе се води во италијанската Серија А.

Колку се шпекулациите за Меси во Интер вистина, ќе видиме најверојатно наредната сезона, но „каде што има чад, таму има и оган“ како што беше во случајот со Роналдо.