Погба сака да го напушти Јунајтед, погодете која му е прва желба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За ова шпекулираа италјанските, англиските, а сега и шпанските медиуми- Пол Погба сака да се врати во Јувентус.

Угледниот медиум Марка пишува дека французинот го известил Манчестер Јунајтед преку Раиола дека сака да го напушти Олд Трафорд и сака да се врати во Торино.

Преминувањето на Кристијано Роналдо во Јуве уште повеќе го убеди дека евентуалното враќање во Италија ќе биде вистинска работа за неговата кариера.

Јунајтед не сака да го продаде Погба ова лето, но проблем е тоа што Мурињо и не го сака премногу,

Пред крајот на минатата сезона го седна на клупа, па Погба не играше се до пред почетокот на Мундијалот во Русија.

Темата за која се зборува откако тој стигна во Манчестер пред две години за тогаш рекордните 115 милиони евра, сега е уште погласна.