Паркер без гаранција за втора сезона во Хорнетс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Французинот после повеќе од 15 години поминати во Спарс ќе заигра во друг НБА клуб. Тој потпиша со Хорнетси, но втората година во овој клуб нема да му биде загарантирана.

Легендарниот французин Тони Паркер (36, 188цм),ова лето ја заврши соработката со Сан Антонио Спарс и потпиша двегодишен договор со Шарлот Хорнетс.

Четворократниот освојувач на НБА прстен договори двегодишна соработка со Хорнетс, но се појавија гласини дека втората година од договорот не му е загарантирана.

Тоа значи дека Хорнетс до 4 јули 2019 година ќе имаат можност да ја завршат соработката со Паркер, а доколку французинот остане до летото 2020 година ќе заработи 5.25 милиони долари.

Во слична ситуација ова лето се најде и Милан Теодосиќ. Клиперси можеа да го отпуштат и да платат пониска сума, но одлучија да ја продолжат соработката, па така Теодосиќ ги доби парите кои ги договорил при потпишувањето на договорот.