Федерер: Ако не беа навивачите, ќе се пензионирав пред шест години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роџер Федерер вели дека големата поддршка од навивачите ширум светот е една од причините зошто и понатаму игра тенис.

„Навивачите ми беа важни во текот на кариерата, се чувствувам како дома каде и да одам. Тие се една од причините зошто и понатаму сум тука, без нив најверојатно би се пензионирал пред шест години“, кажа Федерер.

Исто така, освојувачот на 20 грен-слем титули зборуваше и за психичкиот дел на тенисот.

„Работев со човек за тоа, но кога имав 16-17 години, зашто се однесував лошо и мило ми е што го поминав тоа. Потоа не кршев рекети, не се жалев и слично. Сепак, мислам дека јас бев тој кој се убедив дека ми се потребни промени“, објаснува легендарниот Швајцарец.

Федерер во август ќе наполни 37 години, а објави претходно дека нема да игра на Роџерс Купот.