Злато за Косово на ОИ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Натпреварувачката во џудо, Мајлинда Келменди го освои првиот златен медал во својата кариера а со тоа и го донесе првото злато на Косово.

Таа освои злато во категоријата до 52 килограми откако ја совлада италијанката Одета Џуфриду.

Келменди важеше за фаворит бидејќи во Рио влегува како европски и светски шампион.

Својот пат кон голем  успех го започна со победата против Евелин Чоп од Швајцарија. Во следната рунда ја совлада Кристина Легентил од Унгарија, па потоа имаше тест против Јапонката Накамуром и стигна до големиот успех со победа на Одета.