Шок во Леверкузен: Репрезентативец на Германија колабираше на пријателски натпревар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Баер  Леверкузен ирепрезентативец на Германија, Карим Белараби ги загрижи сите откако за време на пријателскиот натпревар против Вуперталер изгуби свест и остана да лежи на тревата.

„Карим Белараби се сруши поради исцрпеност. Неговото заздравување тече добро, но е пренесен во болница за да бидеме сигурни дека се е во ред“ објавија од бундеслигашкиот клуб.

Нешто подоцна стигнаа и позитивни вести од болницата дека Белараби се чувствува добро, но дека одреден момент нема да биде вклучен на тренинзите на клубот.