„Марка“: Реал Мадрид ќе ангажира ѕвезда на ПСЖ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Едисон Кавани пристигна во ПСЖ од Наполи за 55 милиони фунти пред пет години и во моментов е еден од нивните најдобри фудбалери.

Од преселбата во Париз, Кавани постигна 170 гола за клубот во 246 настапи, а притоа освои голем број на титули и трофеи. Во минатата сезона 31-годишниот играч постигна 40 гола во 48 настапи во сите конкуренции.

Реал Мадрид се соочува со проблеми во екипата, откако го продаде Кристијано Роналдо во Јувентус, па сега интензивно бара негова замена.

Токму Кавани е идеалниот избор за управата на „кралевите“. Уругваецот не е во најдобри односи со неговиот соиграч Нејмар, па поради тоа се уште погласни шпекулациите за неговото заминување од Париз.

Засега не е познато колку пари решиле „кралевите“ да платат за неговиот потпис.