ПСЖ го претстави гостинскиот дрес и го додели новиот број на Мбапе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот клуб ПСЖ денес преку Твитер го претстави новиот резервен дрес кој клубот ќе го користи во следната сезона.

Дресот е во бела боја, а главниот манекен е Килијан Мбапе, една од најголемите ѕвезди што се истакна на Светското првенство во Русија.

Една од главните причини поради која Мбапе беше главниот манекен е тоа што сега тој има нов број. Најдобриот млад фудбалер на Мундијалот во Русија од наредната сезона ќе го носи бројот 7 кој го добил откако Лукас Моура во јануари премина во Тотенхем.

Инаку негов омилен број е бројот 10, но тој број е резервиран за Нејмар.