МЗТ Скопје ангажираше нов Американец!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Џејмс Вудвард потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје.

Тоа е втор Американец кој летово дојде во тимот на кошаркарскиот вицешампион на Макеоднија, откако претходно пристигна плејмејкерот Лестер Медфорд.

Како што соопштија од МЗТ, 24-годишниот Вудвард е експлозивен тимски играч со прецизен шут, кој игра на двете бековски позиции и ќе биде еден од најдобрите играчи.

Во првенството на Литварија, претходно имаше просек од 9,8 поени по натпревар, три скокови и 2,1 асистенции.