ФИБА одбра: Муса најдобар млад играч до 21 година


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


ФИБА одбра 21 играч до 21 година кои досега најмногу се покажале на досега одиграните квалификации за Светското првенство.

Листата на која се наоѓаат неколку идни НБА ѕвезди ја предводи Џанан Муса.
Босанскиот репрезентативец имал одличен учинок во првиот круг од квалификациите, а просечно постигнуваше по 21 поен и зад себе ја остави одличната конкуренција.

ФИБА на второ место го стави јапонецот Руи Хашимур, ѕвездата на универзитетот Гонзага и идната НБА ѕвезда која на азиските квалификации реализираше 18.5 поени во просек со 5 скокови по натпревар.

Трето е момчето кое го нарекуваат новиот Коби Брајант. Канаѓанецот РЈ Барет кој има само 18 години, од следната сезона ќе студира на престижниот Дјук, а за сениорите реализираше  13.5 поени по натпревар.

Овој кошаркар важи за еден од најголемите таленти на светската кошарка.
Потоа следин Фуркан Кормаз од Турција, Џордан Нор од Нигерија, Емануел Кејт од Романија , Арнолд Кулбок од Литванија и многу други….