Сколари се врати на клупата на својот поранешен тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот бразилски селектор, 69 годишниот Луиз Фелипе Сколари се врати во татковината каде по трет пат во кариерата ќе седи на клупата на Палмеирас.

Искусниот тренер со славниот клуб од Сао Пауло потпиша двегодишен договор и веројатно таму ќе ја заврши кариерата.

Сколари го водеше Палмеирас за прв пат од 1997 до 2000 година, а потоа од 2010 до 2012 година. За време на богатата кариера со Бразил ја освои титулата Светски шампион во 2002 година на Мундијалот во Кореа и Јапонија.

Сколари освен во Бразил работеше и во клубови на Блискиот исток, Азија и Европа, а беше селектор и на репрезентацијата на Португалија.