Хамилтон од пол позиција на Хунгароринг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот возач Луис Хамилтон стигна до 77 пол позиција во кариерата откако на Хунгароринг славеше во квалификациите за Големата Награда на Унгарија.

Во тешките услови на патеката во Унгарија, Хамилтон го имаше најбрзото време пред Валтери Ботас. Трет утрешната трка ќе ја стартува Кими Раиконен, додека вториот ред ќе го пополни Себастијан Фетел.

Петтата и шестата позиција изненадувачки им припаднаа на Карлос Сајнц од Торо Росо, како и Пјер Гасли од Рено, додека од седмата позиција ќе тргне Макс Ферстапен.

Првите десет ќе ги комплетираат Брендон Хартли, Кевин Магнусен и Роман Грожан. Трката за Големата награда на Унгарија се вози утре со почеток од 15:10 часот.