Леброн Џејмс жали што му дал име на син му по себеси! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Најдобриот кошаркар во светот, Леброн Џејмс, во новата сезона ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс.

Леброн гостуваше во една американска телевизија, а во интервју откри дека жали што на 13-годишниот син му го дал своето име.

Леброн Џуниор почна да тренира кошарка, а познатиот кошаркар е свесен за притисокот кој му го направил на својот син.

„Жал ми е поради тоа што на својот 13-годишен син му го дадов своето име. Кога бев помлад, ја немав татко покрај себеси. Поради таа причина решив да ги направам сите можни работи за мојот син, кои не ги направи татко ми за мене“, објасни Џејмс.