Леброн Џејмс објасни зошто одлучи да премине во Лејкерси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После уште едно изгубено финале со Кливленд, Леброн Џејмс ова лето одлучи да ја искористи опцијата и како слободен играч да премине во Лос Анџелес Лејкерс.

Младиот тим на Лејкерси доби огромно засилување и се очекува веќе наредната сезона да стане респектабилен конкурент на Западот.

И претходно се шпекулираше дека Леброн ќе отиде во Лејкерси, а сега тој и сам објасни зошто се одлучил за ова.

„Ми се допаѓа овој предизвик. Сакам да бидам во можност да помогнам на една екипа да дојде до таму каде што не била долго време. Познато е дека Лејкерс немаат изборено плејоф во минатите неколку години. За мене ова е голема работа, да бидам дел од овој тим“, истакна Леброн.