Навивачите на Јуве се налутија: Кој поминува подобро во трејдот помеѓу „Старата дама“ и Милан!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Трансферот уште не е договорен, но се очекува во секој момент да биде потврден, Игуаин денеска требаше да ја прифати понудата, а потоа нема ништо да биде јасно, а навивачите на Јуве ја критикуваат управата дека Милан бил најголем добитник во трампата.

Јувентус ја прифатил понудата на „росонерите“, 18 милиони за позајмица и 37 за откуп на крајот, а доби и некои гаранции од Леонардо, па би потпишал договор до 2022. година и би ја задржал платата од 7,5 милиони евра.

Потоа следува размената, по една година Леонардо Бонучи да враќа во Јувентус, а Матија Калдара заминува во Милан.

И додека навивачите на Милан се возбудени, тие на Јувентус се разочарани. Не поради заминувањето на Игуаин, туку  за тоа што Јуве го враќа Бонучи кој има 31 година и лоша сезона за „росонерите“.

Масимилијано Алегри го сака Бонучи, а потоа и напад на Лигата на шампиони. Нема време да го чека Калдара, па поради тоа смета дека Леонардо многу побрзо ќе се прилагоди во екипата.

Јуве до крајот на преодниот рок најверојатно ќе ги продаде Пјаца и Стураро, а клубот ќе го напушти и Фавили.