Готово е: „Скај Спортс“ пренесува дека Игуаин договорил трансфер од Јувентус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека Гонзало Игуаин се договорил за едногодишна позајмица од Јувентус во Милан.

Оваа вест е финална потврда дека трансферот на Аргентинецот ќе се случи во следниот период.

Најавите од Италија ова утро говорат дека двата клуба се договориле најпрво за едногодишна позајмица која ќе чини 18 милиони евра, а потоа Росонерите ќе може да го имаат Игуаин и на перманентна основа доколку издвојат дополнителни 36 милиони евра.

„Скај Италија“ пренесува дека договорот би можел да биде потврден во текот на денешниот ден.