Рома дава играч плус пари за најдобриот фудбалер на Милан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Рома подготвуваат понуда за фудбалерот на Милан, Сусо. Медиумите во Италија пренесуваат дека од клубот од Рим веќе ги контактирале Росонерите и наскоро се очекува да биде испратена и формална понуда.

Рома досега донесе 13 нови фудбалери, но Мончи не планира да запре и сака да додаде дополнителен квалитет во составот кој ќе треба да му се спротивстави на Јувентус во битката за Скудетото.

Рома е во потрага по крилен напаѓач откако не успеаја преговорите со Малком кој се пресели во Барселона, па така сега Сусо излезе како алтернатива за оваа позиција.

„Кориере дело спорт“ пишува дека деновиве Рома ќе ја испрати понудата во која ќе го вклучи и аргентинскиот фудбалер Диего Пероти кој би се преселил на „Сан Сиро“.