Вест хем во обид да му „украде“ играч на Челси!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мирор“ пишува дека Вест хем ќе се обиде да го ангажира Дени Дриквотер од Челси летово, откако играчот не се прилагоди во редовите на „сините“.

Дринквотер минатото лето се пресели во Челси за 35 милиони фунти од Лестер сити, но тој не успеа да ја импресионира управата на „Стемфорд бриџ“, откако имаше само пет натпревари кои ги почна од почеток во Премиерлигата.

Маурицио Сари, новиот тренер на Челси, сака да го пушти Дринквотер да замине по доаѓањето на Жоржињо од Наполи.