Лопетеги кажа зошто заминувањето на Роналдо е добро за клубот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, е убеден дека Герет Бејл би можел да помогне да се пополни месото на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Минатата сезона Бејл не беше стандарден во првиот тим кај Зинедин Зидан, но заминувањето на Роналдо го исфрли во прв план.

„Герет е среќен што игра за Реал Мадрид. Кристијано Роналдо е еден од водечките играчи во историјата на Реал, но сакаше да замине и му го дозволивме тоа. Бејл е неверојатен играч со многу квалитет и може да ја пополни неговата празнина“, вели Лопетеги

Велшанецот пристигна во Реал Мадрид во 2013. година за 87 милиони фунти и четири пати стана шампион на Европа, а постигна и два гола во триумфот против Ливерпул од 3-1 во финалето на Лигата на шампиони.