Шекил: Брајант ќе се врати на теренот за да заигра со Леброн!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О`Нил, најави враќање на Коби Брајант на паркетот.

О`Нил кажа дека Брајант е подготвен да се врати од пензија, за да му помогне на Леброн Џејмс да ја освои титулата и прстенот.

„Јас сум готов, но Коби се враќа, колку што дознав. Тоа први го слушнавте од мене“, кажа легендарниот кошаркар.

Брајант има освоено пет трофеи во НБА-лигата, а од 2015/16 е пензиониран и не се појавува премногу во медиумите.