Неколкукратен светски и европски шампион во Таеквондо ИТФ гостин на ХВА РАНГ ИТФ во Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Изминатата недела во Охрид престојуваше еден од најдобрите таеквондисти, неколкукратниот европски и светски таеквондо ИТФ шампион, Исмет Ичановиќ.

Ичановиќ на последното Европско првенство кое се одржа во Талин, Естонија во огромна конкуренција беше прогласен за најдобар ветеран. Искусниот Ичановиќ кој има црн појас, IV дан, е тренер на клубот Шкорпион од Љубљана, Словенија.

Словенецот секојдневно имаше тренинзи со теквондистите од ХВА РАН ИТФ од Лескоец, Охрид. Тренинзите се одвиваа во спортската сала на клубот која се наоѓа во Лескоец.

Од клубот велат дека Ичановиќ со посебно задоволство работел со Давид Крстески кој е посочен како еден од најдобрите млади теквондисти во Европа. Крстески ќе биде претставник на Македонија на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во април, 2019 година во Римини, Италија.

Тренерот на ХВА РАНГ ИТф, Марјанчо Лазаревски посочи дека изминатата недела научиле многу од гостинот од Словенија.