Шкендија се пласираше во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Шкендија успеа да го сочува својот гол и непоразена се враќа од Молдавија од гостувањето кај Шериф Тираспол (0:0).

Овој резултат им одговараше на тетовци кои во првиот натпревар во Скопје славеа со минимални 1:0, што на крај се покажа како доволно за пласман во третото коло.

Во следното коло Шкендија веќе ќе налета на сериозен противник како што е Ред Бул Салцбург, екипа која ќе биде огромен фаворит на овој двомеч. Доколку изненади, Шкендија со победа ќе се пласира во плеј-офот за Лигата на шампионите, а доколку не успее да го мине австрискиот претставник „црвено црните“ од Тетово ќе играат во плеј-офот во Лигата на Европа.