Би биле страв и трепет: Како ќе изгледаше Ајакс да не ги продадеше своите ѕвезди (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најтрофејниот холандски клуб Ајакс има една од најдобрите и најпознати школи за млади таленти во Европа, но и феноменална скаутска служба поради која многу ѕвезди на денешниот фудбал почетокот на првите фудбалски чекори на европско тло ги направиле токму во дресот на овој славен клуб.

Но, Ајакс, не може да се носи со богатите тимови, како што тоа било пред 20тина години, па мора да ги продава своите најдобри фудбалери.

Но, што би се случило доколку Ајакс не ги продаваше најдобрите од својот состав. Со сигурност тимот би учествувал до самиот финиш на Лигата на шампионите, а во холандското првенство би поминувал како од шега.

Ова е тимот составен од најдобрите играчи кои се уште се активни, а во одреден период од кариерата го носеле дресот или се уште го носат дресот на Ајакс.

Јеспер Силесен

Дејвисон Санчез- Јан Вертонген- Томас Вермален

Далеј Блинд- Тоби Алдервилд

Кристијан Ериксен- Дави Класен

Луис Суарез- Златан Ибрахимовиќ- Аркадиуш Милик