Челси нуди 30 милиони евра плус еден играч за ѕвезда на Кристал Палас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сан“ пишува дека Челси испратиле понуда за Вилфрид Заха од Кристал Палас, па се надеваат дека до крајот на преодниот рок ќе го обезбедат неговиот потпис.

За Заха интерес покажа и Тотнем во последните две сезони, но никогаш не успеа да се договори со управата на неговиот тим, па Заха постојано не успеваше да направи голем трансфер.

Сепак, тоа може да се смени летово и тоа поради Челси, кој испрати навистина интересна понуда, а одговор на истата се очекува во наредните неколку денови.