Мончи ја „краде“ долгогодишната трансфер цел на Арсенал: Рома пред ангажман на француски репрезентативец


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Газета Дело Спорт“ Рома е блиску до комплетирање на трансферот на играчот на Севилја, Стивен Нзонзи.

Нзонзи кој беше топ трансфер цел на Унаи Емери многу веројатно кариерата ќе ја продолжи во редовите на Рома каде треба да биде замена за Раџа Најнголан кој се пресели во Интер.

Наводно, спортскиот директор на Рома, Мончи е убеден дека 29 годишниот фудбалер во следните неколку денови ќе стави потпис на договорот со клубот од Рим.